Лихнида
Welcome

Основна дејност на Акционерското друштво "Лихнида" е преработка на пластични маси, која се преточува во широка палета на производи, наменети главно за домашниот, но се повеќе и за странски пазари. АД "Лихнида" започна со работа како регионална фабрика пред речиси половина век (1960 г.). Денес АД "Лихнида" е современа компанија и таа настојува да ги следи најновите трендови во производството, да го проширува асортиманот на своите производи, остварувајќи врвен квалитет.

Активноста на АД "Лихнида" е ориентирана кон производството (95%), а само мал дел (5%) отпаѓа на услуги. Средствата што се инвестираат во развојот на дејноста се исклучиво од сопствени извори. Особено внимание се посветува на набавката на современи алати за производство на нови и поквалитетни производи, според високите барања на пазарот.

Производната програма опфаќа:

  • бризгани артикли за широка потрошувачка,
  • транспортна манипулативна амбалажа (гајби за млекарската, пекарската и месната индустрија, за берба на овошје и на зеленчук, како и за сите видови шишиња),
  • бризгани технички производи,
  • ВЦ-казанчиња со сите приклучни елемементи,
  • пластични канти за сирење од 20, 10, 5 и 1,5 литри.
Почетна За нас Продукти Каталог Контакт